Годишниот зелен картон ќе чини 60 евра!

Bez autora
Jul 26 2011

На општо задоволство на македонските граѓани се готви новата цена на зелената карта која ќе стартува од септември годинава. Според владини извори намалувањето ќе биде за околу 50%, но се уште не се знае дали ќе има поевтини цени при патување за помал временски период. Неофицијално, од септември зелениот карон во траење од една година треба да чини 3.690 денари или 60 евра. За намалување на цената на зелениот картон новата Влада ќе спроведе нов начин на пресметка, а конечната одлука ќе биде донесена на првата владина седница. Намалување на зелениот картон ќе има и за транспортерите, но точниот износ за нив ќе се прецизира на владина седница. Транспортерите досега неколкупати потсетија дека Македонија е меѓу ретките земји која плаќа висока цена за осигурување од автоодговорност. Тие досега побараа намалување на зелената карта по примерот на соседните земји.

Годишниот зелен картон ќе чини 60 евра!На општо задоволство на македонските граѓани се готви новата цена на зелената карта која ќе стартува од септември годинава.

Според владини извори намалувањето ќе биде за околу 50%, но се уште не се знае дали ќе има поевтини цени при патување за помал временски период. Неофицијално, од септември зелениот карон во траење од една година треба да чини 3.690 денари или 60 евра.

За намалување на цената на зелениот картон новата Влада ќе спроведе нов начин на пресметка, а конечната одлука ќе биде донесена на првата владина седница.

Намалување на зелениот картон ќе има и за транспортерите, но точниот износ за нив ќе се прецизира на владина седница. Транспортерите досега неколкупати потсетија дека Македонија е меѓу ретките земји која плаќа висока цена за осигурување од автоодговорност. Тие досега побараа намалување на зелената карта по примерот на соседните земји.

И осигурителните компании дадоа предлог за целосно укинување на зелениот картон, но одредена сума дополнително да се наплатува при регистрација на секое возило. Со нивниот предлог секое возилото ќе треба да го плати овој износ без разлика дали планира да излезе од државата или не.

Зелениот картон за автомобилите во траење од еден месец веќе неколку години е непроменет и чини 2.450 денари, за три месеци 3.670, за половина година 5.500, а за цела година 9.760 денари.

Нашиот северен сосед Србија веќе реши да го укине зелениот картон. Во Бугарија зелениот картон влегува во основното осигурување кое чини 104 евра, а во Словенија тоа достигнува околу 224 евра.

За патување во странство покрај зелен картон неопходна е и меѓународна возачка дозвола која има важност од три години и чини 845 денари. Дозволата пак за управување на туѓо возило во странство чини 485 денари. Таа се обезбедува ако патувате во странство со возило чиј сопственик е друго лице, а тоа не патува со вас. Важноста на овој документ е од еден месец или 12 месеци од денот на нејзиното издавање.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik